Тејлор Свифт официјално го достигна статусот милијардер – по 17-годишна музичка кариера во која стана најголемата поп ѕвезда на денешницата. Форбс ја објави својата листа на славни милијардери за 2024 година, а Тејлор се искачи на 14-то место со богатство од 1,1 милијарда долари.
View this post on Instagram
За тоа придонесе нејзината турнеја „Ерас“, инаку музичката турнеја со најголема заработка досега, а воедно и прва која надмина милијарда долари приход. Тука е секако и огромната заработка од нејзините шест албуми, а таа е една од ретките што тоа го постигнала само преку музика.
Листата на Форбс на познати милијардери во 2024 година:
Џорџ Лукас (нето богатство: 5,5 милијарди долари)
Стивен Спилберг (нето вредност од 4,8 милијарди долари)
Мајкл Џордан (нето вредност од 3,2 милијарди долари)
Опра Винфри (нето вредност од 2,8 милијарди долари)
Џеј Зи (2,5 милијарди долари нето богатство)
Ким Кардашијан (нето вредност од 1,7 милијарди долари) 7.
Питер Џексон (нето вредност од 1,5 милијарди долари)
Тајлер Пери (1,4 милијарди долари нето богатство)
Ријана (1,4 милијарди долари нето богатство)
Тајгер Вудс (нето вредност од 1,3 милијарди долари)
Леброн Џејмс (нето вредност од 1,2 милијарди долари)
Меџик Џонсон (нето вредност од 1,2 милијарди долари)
Дик Волф (нето вредност од 1,2 милијарди долари)
Тејлор Свифт (1,1 милијарди долари нето богатство)
View this post on Instagram
Инаку, Џеф Безос пред еден месец ја врати титулата најбогат човек на светот, претекнувајќи го Илон Маск според индексот на милијардери на Блумберг. Нето богатството на основачот на Амазон беше 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на 198 милијарди долари.