Американската модна дизајнерка Вера Ванг, која минатата година наполни 75 години, не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед.
Неодамна, на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон, таа се прошета на црвениот тепих во дводелен фустан и покажа нова, кратка фризура.
View this post on Instagram
Нејзиниот изглед ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. „Жената има 75 години. Немам зборови“, „Секогаш кога ќе се уплашам од староста, помислувам на Вера Ванг. Таа е неверојатна“, „Изгледа подобро од некои помлади жени“, беа коментарите на Икс.
View this post on Instagram
Нејзиниот младешки изглед често го фалат и нејзините следбеници на Инстаграм, кои се повеќе од 3 милиони. „Воопшто не старееш. Се молам, во следниот живот да се родам како Вера Ванг“, пишуваат во коментарите под објавите на Вера.