Интернационален натпревар во пеење на песните на Тоше Проески во Скопје

Tose-Proeski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 12. Октомври 2024 година, во Македонската опера и балет, а во организација на „Естрада Мултимедија Центар“ за првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“.



На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји како Русија, Украина, Малта, Израел…

Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.

Влезниците кои се во ограничен број веќе се пуштени во продажба преку сервисот мктикетс.мк и се продаваат по цена од 400 денари за билет.

Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески. Билетите се ограничени, па се препорачува заинтересираните да ги обезбедат своите места што е можно поскоро и да бидат дел од овој емотивен музички спектакл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK