Инфлуенсерката која тврди дека има дете со Маск: „Се обидувам да комуницирам со тебе, но ти не одговараш“


kler.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инфлуенсерката Ешли Клер на социјалните мрежи го повика Илон Маск да признае дека е татко на нејзиното дете. Сепак, тој сè уште ја игнорира.


Најпрвин, еден корисник на „Икс“ ја сподели нејзината стара објава во која изјави дека сака да го привлече вниманието на Маск за да ја запроси.

„Ешли Сент Клер планира да го зароби Маск повеќе од пет години“, напиша тој. Маск одговори со кратко: „Уф“. Потоа се огласи Клер:

„Илон, веќе неколку дена се обидувам да комуницирам со тебе, а ти не ми одговараш. Кога ќе одговориш наместо јавно да се одѕиваш на навредите на личноста која штотуку објави фотографии на кои позирам во долна облека кога имав 15 години?“.

Клер неодамна објави дека се породила пред пет месеци и дека планирала сè да биде јавно, но поради таблоидите била принудена да ја објави оваа вест.

Таа тврди дека се запознале на „Икс“ и дека тој барал да не открива дека е бремена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK