Познатиот бренд за костими за капење има ново лице. Прекрасната Георгина Родригез е новата муза на брендот Calzedonia за претстојната летна сезона.
View this post on Instagram
Георгина Родригез, свршеницата на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, ја краси новата модна кампања на брендот за долна облека и костими за капење Calzedonia. По Хајди Клум, која со години е заштитно лице на овој бренд, Георгина сега има можност да му даде на брендот сосема нов изглед.
View this post on Instagram
Tаа гордо позираше пред објективот на фотоапаратот во атрактивни бикини кои ги истакнуваа нејзините раскошни облини. Покрај тоа, огнените пози што ги направи свршеницата на Кристијано дополнително ја истакнаа нејзината сензуалност, но и сексапилност.
View this post on Instagram
Исто така, нејзиниот заводлив поглед доминираше во оваа модна кампања, а стилизирањето го комплетираше со шминка во земјени тонови и лежерна фризура која ја нагласуваше нејзината убавина.