Колумбиската убавица Софија Вергара уште еднаш докажа дека знае како да привлече внимание каде и да се појави, овој пат на Светското првенство во фудбал во 2026 година.
Таа објави серија фотографии од Светското првенство на својот Инстаграм профил со краток натпис: „Copa Mundial!“.
View this post on Instagram
Насмеана, елегантна и во својот препознатлив стил, Софија уживаше во атмосферата на еден од најголемите спортски настани во светот, а фановите коментираа дека „изгледа како стадионот да е нејзина модна писта“.
View this post on Instagram
За таа пригода, Софија позираше во широки фармерки и тесен црн топ на едно рамо, па овој пат нејзините гради не беа во преден план, барем засега, но сепак има многу до крајот на Светското првенство.
Нејзиното појавување на Светското првенство не беше само гостување, бидејќи Вергара е дел од програмата што го покрива првенството за шпанскиот свет и со денови ја споделува атмосферата од стадионот.
View this post on Instagram
На отворањето во Лос Анџелес, таа се појави во впечатлив моден изглед.