Се чини дека со порастот на популарноста на „бохо шик“ естетиката, беше само прашање на време кога ќе почнеме да гледаме имагинативни капи што одговараат на овој стил. Сепак, овој пат не станува збор за тесните хипи ленти за глава што девојките во 2000-тите ги носеа преку челото, туку за малку повпечатлив тренд кој исто така се однесува на седумдесеттите години – „crochet“ капи.
View this post on Instagram
Во 1970-тите, бохо стилот го достигна својот врв, а техниките на рачна изработка како што е плетењето или хеклањето станаа исклучително популарни во западната култура.
„Плетените“ парчиња на тој начин станаа симбол на одвојување од масовното производство, но и средство за изразување на автентичност и креативност.
View this post on Instagram
Хекланите фустани, елеци и модни додатоци беа исклучително пожелни, и наскоро модните дизајнери почнаа во нивната работа да воведуваат елементи што претходно ги носеа главно членовите на субкултурите.
View this post on Instagram
Затоа плетените парчиња совршено се вклопуваат во летните трендови оваа година, а мрежестите капи станаа омилен избор на модните трендсетери.
View this post on Instagram
Од трендовски градски комбинации до опуштени и комбинации за на плажа, плетените додатоци за коса се сигурен избор кој дефинитивно нема да остане незабележан.
Оваа година ги гледаме во различни бои и форми, а признаваме дека е особено тешко да се одолее на моделите украсени со шармантни детали како школки или зашиени светки.