Една од најмоќните жени во Европа некогаш, се појави во проѕирно здолниште и ги покажа совршените нозе

Screenshot-2024-09-27-073429.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот супермодел и француска прва дама Карла Бруни (56) се појави на модната ревија на Сен Лоран пролет/лето 2025 година како дел од Париската модна недела.



Бруни изгледаше многу младешки во беж боди и проѕирно здолниште со висок струк што ги истакна нејзините долги, витки нозе.

Својот аутфит го комплетираше со бунда и црни потпетици, а насмевката не ја тргна од лицето и покрај тоа што во јули беше обвинета за бројни корупциски дела за кои можеше да заврши во затвор.

Како што пренесува Дејли Мејл, таа е обвинета дека била вмешана во обиди да го „прикрие“ нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Никола Саркози (69), кој добил милиони пари во готовина од починатиот либиски диктатор Моамер Гадафи.

Извори од парискиот суд открија дека таа се гони за „попречување сведок и измама извршена од организирана група“. И двете од овие тешки кривични дела се казнуваат до 10 години, а понекогаш и до 20 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK