Џастин Бибер снимен во јавноста по апсењето на Диди, фановите загрижени

b928fec8-cc49-48d4-ba11-1d62e1903a2c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Многу обожаватели на Џастин Бибер се загрижени за здравјето на пејачот откако беше снимен во јавноста по апсењето на Сен Диди Комбс.



Диди е обвинет за рекетирање, сексуална трговија и злосторства поврзани со проституција, а едно старо видео од него и Џастин Бибер сега е повторно вирално. Некои шпекулираат дека апсењето на Диди влијаело на здравјето на Бибер поради интензивните шпекулации за природата на нивната врска, пренесува „Дејли мејл“ .

Многумина сега ги споделуваат неговите фотографии и истакнуваат дека не изгледа добро. „Не гледам среќа. Ќе се молам за него“, „Не изгледа здраво и тоа боли“, „Мислам дека не е добро“, „Можеби му е тешко да биде родител или навистина оваа глупост му пречи“, „Зарем Џастин не изгледа многу слаб“, објави „Дејли мејл“ како дел од реакциите од социјалните мрежи.

Медиумот потсетува дека Бибер зажали што работеше со Диди пред помалку од една година. Тој тврдеше дека никогаш немаше да го стори тоа доколку знаеше за наводите што излегоа на виделина.

„Тој беше вклучен на последниот албум на Диди, и ако знаеше нешто од ова, немаше шанси да го стори тоа“, тврди извор.

Бибер сè уште бил дете кога се спријателил со Комбс, појавувајќи се на неговиот албум од 2023 година The Love Album: Off the Grid со песната Moments.

По објавувањето на албумот во октомври, Бибер се наврати на неговата прва средба со Комбс. „Се сеќавам дека отидов во канцеларијата на брат ми Диди за да му пуштам песна што му ја напишав кога имав 14 години“, напиша тој на Инстаграм.

Во март повторно се појавија стари снимки од Бибер и Комбс, набргу откако полицијата упадна во домовите на Комбс во Мајами и Лос Анџелес. Во една од нив, Комбс е виден како стои до 15-годишниот Бибер и вели дека „ќе поминат 48 часа заедно и ќе направат нешто што не можат да го откријат. Видеото објавено на социјалните мрежи оваа година предизвика голем број критики и загрижености.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK