Бритни Спирс: Ме прикажуваа како ‘вечна девица’ и покрај тоа што ја изгубив невиноста на 14 години

Бритни-Спирс-Ме-прикажуваа-како-‘вечна-девица-и-покрај-тоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бритни Спирс во своите мемоари пишува дека била прикажувана како „вечна девица“ иако имала секс од 14-годишна возраст.

Поп-ѕвездата (41) за првпат проговори за своите рани години во новите мемоари The Woman In Me („Жената во мене“) и откри дека нејзиниот тим ја принудил да се преправа дека е чедна иако ја изгубила невиноста како тинејџерка и подоцна живеела со нејзиното момче Џастин Тимберлејк.

Во книгата, таа објаснува: „Со оглед на тоа што имав толку многу фанови тинејџери, моите менаџери и новинарите долго време се обидуваа да ме прикажат како вечна девица – и покрај фактот што јас и Џастин живеевме заедно, а јас имав секс од мојата 14. година.

„Зошто моите менаџери толку многу се трудеа да тврдат дека сум некаква млада девица дури и во моите дваесетти? Чија работа е дали сум имала секс или не?“

Во книгата, таа исто така откри дека првпат спиела со момче кое имало 17 години, близок пријател со нејзиниот постар брат Брајан.

Бритни, исто така, призна дека бегала од училиште за да поминува време со него и дека родителите ја казниле кога дознале.

„Одев на училиште како и обично во 7 часот наутро, но заминував на ручек, околу 13 часот, и го поминував попладнето со него,“ пишува таа.

Родителите на Бритни потоа смислиле казна за нивната ќерка – ѝ наредиле да оди низ населбата каде што живееле и да собира ѓубре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK