Изабела Роселини целосно неретуширана на корицата на италијанскиот „Вог“

Изабела-Роселини-целосно-неретуширана-на-корицата-на-италијанскиот-„Вог.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Изабела Роселини, која „Ланком“ ја отпиша пред да наполни 43 години дека била стара, сега е на насловната страница на октомвриското издание на италијанскиот „Вог“.

Компанијата за убавина на крајот ја увиде својата грешка и ја повика назад, во 2016 година, потсетуваат медиумите.

Изабела сега има 71 година, изгледа шик и кралски и, збрчкано. Фотографијата е многу поприближна, попривлечна и шармантна во споредба со други жени од насловни страници, повеќето од нив ретуширани, сметаат познавачите. Според нив, максималното фотошопирање е целосно поразување на субјектот.

„Отфрлете го ејџизмот, може ли да имаме поискрен приказ на убавината?“

Во придружното интервју за „Вог“, Изабела – модел, актерка, сопственик на органска фарма – вели: „Токму тоа го барам од модата и козметиката. Сметам дека е многу редуктивно да изгледате помладо од својата возраст и, во секој случај тоа е изгубена битка. Го замолив ‘Вог Италија’ да не ги ретушира фотографиите и да ме остави со моите брчки. Ако на 43 бев стара сега на 71 сум таман. Франческа Рагаци, која го води списанието, прифати: новите генерации бараат помодерни и поинтелигентни дефиниции за убавина.“

Светските шоу-биз медиуми коментираат дека важно е за помладите жени, а и за сите жени, да имаат инспиративен модел за убавина. Жени кои му пркосат на притисокот да изгледаат младо – без оглед на недостижните стандарди за убавина во индустриите за манекенство, глума и мода.

Според стандардите на модната индустрија, моделите и манекенките над 30 се стари, но работите почнуваат да се менуваат. Многу се пишува и се збори гласно за ејџизмот и за агресивното форсирање на естетска хирургија во модната и филмската индустрија. Ретко се случува да видите некоја ѕвезда која ќе добие медиумски простор ако не се „подмладува“ до граници на непрепознатливост.

Насловната на „Вог“-  без фотошоп, без филтри и разубавувачи – е секако голема шлаканица за ејџистите.

Изабела се појави 38 пати на насловна на „Вог“ и беше најплатениот модел на светот откако потпиша договор со „Ланком“. Рекламираше нивни парфеми, кармини и козметика за лице речиси една деценија сè додека не наполни 43 години, кога ѝ го прекинаа договорот дека била стара. Некои таблоиди се навратија на поранешни корици на ова модно списание, а кои ги краси токму таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK