Џулија Фокс: Ким Кардашијан имаше улога во мојата разделба од Канје Вест

Џулија-Фокс-Ким-Кардашијан-имаше-улога-во-мојата-разделба-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ким Кардашијан наводно придонела за крајот на врската меѓу Џулија Фокс со Канје Вест.

Реалити ѕвездата (43), која има четири деца со раперот (46) и беше во брак со него од 2014 година до разводот во 2022 година, очигледно му пренела многу информации за 33-годишната актерка и модел.

Џулија од Uncut Gems накратко се забавуваше со Канје на почетокот на 2022 година, а сега во своите нови мемоари Down the Drain открива дека Канје ја спомнал Ким во нивниот последен телефонски разговор.

„Тој ми кажа дека зборувале со неговата наскоро бивша сопруга и дека таа му пренела многу информации за мене.“

Тогаш Канје ѝ рекол на Џулија дека не знаел дека таа е зависник од дрога и се чувствувал како да го изневерила.

„Не сакав да ме слушне како плачам, па ја спуштив слушалката и му кажав на мојот публицист да го извести печатот дека нашата врска заврши.“

Џулија, во својата автобиографија пишува и за својата зависност од хероин.

Претходно овој месец, Џулија изјави за „Лос Анџелес тајмс“ дека била користена како марионета во текот на разводот на Канје и Ким.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK