ЕУ најмногу увезуваше високотехнолошки производи од Кина и ги извезуваше во САД

balkanalj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во 2022 година Европската унија увезла високотехнолошки производи во вредност од 482 милијарди евра, а увозот на овој вид стоки е зголемен за 22 отсто во однос на 2021 година, објави денеска Евростат.







Извозот на високотехнолошки производи во земји надвор од ЕУ, исто така, е зголемен во однос на 2021 година, за 16 отсто, на 446 милијарди евра.

ЕУ лани увезла најмногу високотехнолошки производи од Кина во вредност од 183 милијарди евра, а уделот на увозот на високотехнолошки производи од оваа земја е 38 отсто. На второ место се САД со учество од 19 отсто, а вредноста на увозот е 91 милијарда евра.

Значајни извозници во ЕУ беа и Швајцарија – удел од 6 проценти, вредноста на увозот 30 милијарди евра, Тајван – учество од  5 проценти, вредноста на увозот 23 милијарди евра, како и Велика Британија и Виетнам со учество од четири отсто, пренесува Танјуг.

Најголем увоз во категоријата електроника и телекомуникации
Во 2022 година ЕУ увезла најмногу hi-tech производи од категоријата електроника и телекомуникации, во вредност од 202 милијарди евра.

Бројките покажуваат дека ЕУ извезла повеќе високотехнолошки производи во САД – уделот на извозот бил 26 отсто, во вредност од 118 милијарди евра. Второто место го зазема Кина, со учество од 12 отсто, во која се извезени стоки за 53 милијарди евра.

Значајни увозници на високо-технолошки стоки од ЕУ беа и Велика Британија – девет проценти удел, вредност на извозот 42 милијарди евра, Швајцарија – еден процент, вредност 28 милијарди, Јапонија – четири проценти, 19 милијарди и Турција – три проценти, 12 милијарди.

Минатата година ЕУ извезла најмногу високотехнолошки производи од категоријата фармацевтски производи во вредност од 145 милијарди евра.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK