Д-р Митрев наполни 63 години, вработените му го честитаа роденденот и му посакаа да престане тортурата кон него и кон клиниката

zan mitrev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изненадување за 63 години од вработените на Клиниката за доктор Жан Митрев. Му посакаа да престане правната голгота која сѐ уште се води и да престане притисокот врз болницата. Роденденот беше одбележан во работна атмосфера, со заедничка желба да продолжат да го прават тоа што најдобро го умеат, да овозможуваат врвна здравствената нега за своите пациенти и да спасуваат животи.

Д-р Жан Митрев, како основач, директор и кардиоваскуларен хирург со меѓународно искуство, во 1999 година со создавањето на Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во Македонија.


 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK