Во „Света Софија“ вечер авторски концерт на Љупчо Коскаров

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод Денот на македонскиот јазик, вечер со почеток од 20 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи авторски концерт на Љупчо Коскаров, кој ќе настапи заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, во музичка придружба на Иван Трајковски на виолина, Филип Михајловски на канон и пијанистот Дарко Мариновски.

Програмата за концертот е составена од македонска уметничка музика, инспирирана и посветена на таткото на авторот Блажо Коскаров – познат кларинетист од Кавадарци кој оставил силни пораки и чувства за музичкото наследство врз својот син и идните музички таленти. Музиката е компонирана во период од пет години, а направени се и аудио-снимки, за да не се заборават традиционалните музички теми кои што живееле 200 години наназад низ историјата.


Љупчо Коскаров спаѓа во редот на најистакнатите македонски уметници од областа на музичката уметност. 20 год е член на Македонската филхармонија како прв трубач и солист во оркестарот. Соработувал со голем број на диригенти, пијанисти и други инструменталисти. Остварил голем број на концерти како солист, со камерен ансамбл и во камерни дувачки состави.

Билетите по цена од 200 денари ќе бидат во продажба пред почетокот на концертот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK