Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ го одбележа денешниот 5 мај – Ден на македонскиот јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово со пригодна активност го одбележи денешниот 5 мај– Ден на македонскиот јазик.  Реферат „5 мај – Ден на македонскиот јазик“,  прочита библиотекар Габријела Ристоска.







-Нашиот јазик е еден од десетте најстари јазици во светот, односно старословенскиот со кој има најмногу сличности. Нашата азбука е составена од 31 буква и само ние ја имаме буквата ,,ѕ“, иако постоела во старословенското писмо. Македонскиот јазик поминал низ многу премрежја, патот на формирање на денешниот современ литературен јазик е долг и макотрпен процес. Словенската писменост во Македонија се зајакнува при крајот на 9-ти и почетокот на 10-ти век. Учениците на Кирил и Методиј – Климент и Наум, ја создаваат Охридската книжевна школа, чија дејност главно била преведувачка и препишувачка. Старословенскиот јазик пренесен во словенските земји претрпува промени примајќи елементи од говорот на различни словенски средини. Првата словенска азбука која се користела во Македонија била глаголицата создадена од Кирил. При крајот на 10ти век почнува да се употребува кирилицата, а во 12-ти век сосема ја надминала глаголицата. Кирилицата е создадена од учениците на Кирил, Климент и Наум, а во негова чест е наречена кирилица, посочи Ристоска.

Говорничката се осврна и на поетот Кочо Рацин, интелектуалец и револуционер чие име го носи и тетовската установа.

-Неговите заслуги се наизмерни и поради ова нашата национална установа го носи неговото име –  Бибилиотека „Кочо Рацин“. Ние, библиотекарите, имаме благородна мисија да бидеме чувари на пишаниот збор. Горди сме на фактот што нашата библиотека е пионер во најновите библиотекарски трендови и носител на една од водечките улоги на ширење на библиотечната дејност во нашата држава. Македонскиот јазик опстојува и за време на НОБ, со националното ослободително движење, конечно се создадоа услови за установување на нашиот литературен јазик,  нагласи Ристоска.

Потоа на со свое учество Денот го одбележаа ученици и наставници од тетовските основни училишта.  Рециталз за  „Родниот јазик е бисерен ѓердан“ од Видое Подгорец, прочита одделенски наставник Соња Трифуновска, а со читање поезија од македонски автори и лични творби се претставија ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово. Тие заеднички изведоа и рецитал  „За македонскиот јазик“ ученици. Библиотеката на учениците и наставниците им додели благодарници за одбележување на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK