Во Охрид отворена Спомен-соба посветена на Шестата македонска ударна бригада

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во простории на поранешната касарна во Охрид денеска на свечен начин беше отворена Спомен-собата на Шестата македонска ударна бригада, која се смета за зародиш на Армијата на Република Северна Македонија.







Поставката ја осмисли и уреди полковник Добре Велјаноски, претседател на Здружението на ветарените од одбраната и безбедноста на Македонија, за општините Охрид и Дебрца. Велјаноски како еден од командантите на поранешната армиска касарна во Охрид и ја покрена иницијативата за отворање на оваа спомен-соба.

Шестата македонска ударна бригада била формирана на 6 септември 1944 на Славеј Планина. Во нејзиниот состав влегле четири баталјони со околу 1.500 борци, вклучувајќи ги и борците од составот на Дримколскиот народоослободителен партизански одред и на Охридско-струшката доолнителна ударна бригада.

Во рамки на свеченоста во присуство на претставници на локалната самоуправа, ветераните од полицијата и армијата, беше одбележан и 7 мај – Денот на македонската полиција.

Како што рече портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димовски, оваа средба е добра можност да се поразговара за сите активности што би придонеле за подигање на степеност на безбедноста во подрачјето.

– СВР – Охрид претставува современа полициска организација, партнер на граѓаните која работи во нивен интерес и која што ефективно ги решава сите проблеми на безбедносен план, почнувајќи од јавниот ред и мир се до имотните деликти. Она што е најзначајно е пронаоѓање на сторителите на кривични дела и нивно изнесување пред правдата, рече Димовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK