Се подготвува отворена гала премиера за „Талија“, документарен филм посветен на тетовското драмско студио

talija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со отворена гала премиера пред пошироката јавност ќе се претстави „Талија“ документарниот филм посветен на тетовското драмско студио изработен под покровителство на Музеј на тетовски крај.  Гала премиерата е закажана за 2 јуни, петок во Центарот за култура во Тетово со бесплатен влез. Почетокот на премиерата е закажана за во 20 часот.

-„Талија“ е документарен филм кој говори за легендарното тетвоско драмско студио формирано 1969 година, како и еден времеплов на 125 години театарски живот во Тетово. Во филмот се опфатени 50-тина учесници, историчари, актери, режисери. Преку овој документарен филм се евидентирани сите достигнувања и падови, емотивна приказна за „даските што живот значат“, информираше режисерот Саше Серафимовски.


Асистент режисер е Игор Бачовски, а извршен продуцент Миќо Стојчевски. Филмот е почнат со снимање во 2015 година, под покровителство на Музеј на тетовски крај. Пред една година во јуни 2022 филмот имаше презентирање пред потесна публика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK