Почнува 33. ликовна колонија Галичник 2022

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Од денес до 28 овој месец во Галичник ќе се одржува 33. издание на ликовната колонија „Галичник 2022“.







Годинава, учесниците на колонијата ќе творат на тема одржливост, како многу популарна, но истовремено, како што велат организаторите, и многу проблематична именка во современите уметности.

Учесници на колонијата се Марта Стисјак од Полска, Правдолуб Иванов од Бугарија, Ласе Лоренцен од Данска, Зоран Тодоровиќ од Србија, Валентин Стефаноф од Бугарија, Нина Ковачева од Бугарија, како и Игор Сековски, Славица Јанешлиева и Гоце Наневски од Северна Македонија.

– Одново станува збор за одлична селекција на уметници, сите со веќе завидни биографии и огромно искуство во современата уметност во светот, претставници на своите земји на престижното Венециско биенале и секако уметници со исклучително меѓународно излагачко реноме. Се навестува уште едно одлично издание на Ликовната колонија Галичник, велат организаторите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK