Отворена изложбата „Архив на живот“ на Марија Пољакова


izlozba-arhiv-na-zivotot-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Малиот салон на Домот на културата „Кочо Рацин“ се отвори изложбата „Архив на живот“ на Марија Пољакова, магистер по моден дизајн.


Изложбата претставува визуелно истражување на различните животни фази на жената, раскажани преку облеката како носител на спомени, емоции и идентитет. Од детството и првите самостојни избори, преку важните животни пресвртници, па сè до зрелоста и староста, секое дело прикажува препознатлив момент од женското искуство.

Преку перспектива на моден дизајнер, Пољакова ја поставува облеката во центарот на уметничкиот израз, истражувајќи ја нејзината улога како сведок на личните промени, општествените очекувања и колективната меморија. Претставените женски фигури не раскажуваат една конкретна биографија, туку симболизираат искуства во кои различни генерации жени можат да се препознаат.

Делата се изработени во дигитална сликарска техника, со минималистички композиции, стилизирани силуети и експресивна употреба на боја и форма, при што акцентот е ставен на облеката и нејзината симболика.

Изложбата „Архив на живот“ е реализирана со поддршка на Домот на културата „Кочо Рацин“ и Министерството за култура и туризам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK