Културно-информативниот центар – Битола, во соработка со Кинотеката на Македонија, ја најавува филмската недела посветена на македонската кинематографија, која ќе се одржи од 19 до 25 ноември, во кино-салата „Кино Манаки“ на Широк Сокак во Битола.
Во текот на седумте фестивалски вечери, битолската публика ќе има можност да проследи седум култни остварувања од поновата историја на македонската кинематографија – филмови кои со својата уметничка вредност, автентични приказни и препознатлив авторски израз оставиле значаен белег во македонската филмска уметност.
Овој проект, во организација на КИЦ Битола, е наменет како за љубителите и познавачите на филмската уметност, така и за новите генерации филмска публика, кои заслужуваат можност да ги запознаат и доживеат овие исклучителни дела од македонското филмско творештво.
ПРОГРАМА
📅 19.11. – „Прашина“ | 20:00 часот
📅 20.11. – „Среќна нова ’49“ | 22:00 часот
📅 21.11. – „Тајната книга“ | 20:00 часот
📅 22.11. – „Бал-кан-кан“ | 20:00 часот
📅 23.11. – „Тетовирање“ | 20:00 часот
📅 24.11. – „Црно семе“ | 20:00 часот
📅 25.11. – „Пред дождот“ | 20:00 часот
Влезот е бесплатен за сите проекции.