Отпечатена монографијата „Етногенезата на македонскиот народ“ од д-р Лидија Славеска

kniga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Монографија насловена „Етногенезата на македонскиот народ“ од д-р Лидија Славеска денеска излезе од печат во издание на издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје.







Авторката во седумте поглавја од ова научно дело ги согледува и анализира континуитетот и традицијата на нашиот народ низ вековите, со посебно внимание на  балканскиот средишен емисионен центар, како и создавањето на Македонската држава и народ.

Лидија Славеска (Кичево, 1933-2008, Скопје) била специјалист за средновековното јужнословенско право и средновековната историја на Македонија и долгогодишен директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп. Автор е на значајни научни студии, како и на монографијата „Опис на словенските ракописи во Македонија“ и на едицијата во шест книги „Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK