Конкурс на ДПМ на тема „Липа“ за најдобра песна, есеј, расказ и драмски текст

lipa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст на тема „Липа” за манифестацијата „Празник на липите’’.







На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ, а изборот за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст ќе го врши тричлена комисија. Од ДПМ информираат дека ќе биде доделена една награда за најдобрата песна, расказ, есеј или драмски текст.

Авторските творби треба да се испратат најдоцна до 31 мај во четири примероци потпишани со име и презиме, е-пошта и телефонски број од авторот на адресата – Друштво на писателите на Македонија, улица „Максим Горки” бр.18, 1000 Скопје, или на мејлот [email protected].

Манифестацијата „Празник на липите“, информираат од ДПМ, ќе се одржи во првата половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително објавен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK