Фестивал на класичната музика вечерва во 19:19

Фестивал-на-класичната-музика-вечерва-во-1919.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денес во Културно информативниот центар – Скопје (Салон 19:19) започнува Фестивалот на класична и нова музика „ФЕСТИВАЛ во 19:19“

Фестивал во 19:19 е нов проект на културно информативниот центар Скопје, чија тенденција е да прерасне во традиција. Фестивал во 19:19 е фестивал на класична и нова музика, практично сѐ она што стилски опфаќа музичкиот сектор на центарот. Фестивал во 19:19, логично, се одржува во Салон 19:19 и секако започнува во 19:19 часот.

„19:19 како име и идентитет на на салонот, ќе го користиме како симбол на постоењето на овој фестивал чиј формат, се надеваме, ќе се развива низ годините. Започна случајно, а како прва година ќе биде загревање и обликување на фестивалот, или процес на проценка, во што би требало да прерасне во следните години“, велат организаторите на настанот.

Програната е следна:

📌 Салон 19:19 🕢 19:19 часот

📆 12.12.2023

🚩 ДУО „ГЕЛЕБЕШЕВИ“

🚩 ДУО „ВЕЈСЕЛИ/БАФТИЈАРИ“

🚩 AMPLIDYNE EFFECT & AXIOTOMIC

***

📆 13.12.2023

🚩 ЕЛЕГИЧНИ ПЕСНИ И МЕЛОДИИ СО ТРИО ИМЕРИ/AРИФОВСКА/КАЦАРСКИ

🚩 КАЛАТА

🚩 IMPROOF

🎫 Влез слободен

🔴 Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK