Библиотеката „Искра“ од Кочани доби награда за најдобар промотор на читачката култура од Македонската асоцијација на издавачи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општинската библиотека „Искра“ од Кочани ја доби престижната награда за најдобар промотор на читачката култура за 2023 година што ја доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).







Наградата беше доделена денеска во рамки на Саемот на книгата во Скопје, при што беше нагласено дека според пренесените искуства од издавачите, како и од лични искуства на членовите на жири комисијата, оценето е дека „Искра“ е најактивната и најпосветената библиотека во државата која работи на промоција на читачката култура меѓу младите.

-Библотеката редoвно ги претставува сите нови и актуелни книжевни наслови за деца и млади, реализира активности за подигање на читачката навика и култура кај младите преку фестивали, прослави за Денот на детето, организирани гостувања на автори во училиштата и градинките, како и мали саеми на книги со учество на различни издавачи. Нејзиното работење за привлекување на младата популација и претворањето на децата во редовни читатели, во периодот од минатогодишниот до овој Саем на книгата е за почит, поради што и признанието е сосема заслужено, се истакнува во образложението на Комисијата за награди на МАИ.

Од библиотеката „Искра“ упатија благодарност до домашните издавачки куќи за досегашната соработка, која ќе продолжи и во наредниот период.

-Нашите заложби да ја привлечеме младата читателска публика даваат позитивни ефекти, бројот на членови, особено на детска возраст, бележи постојан пораст од година во година, а наградата од МАИ е дополнителен поттик да продолжиме со исто темпо. Успешното организирање мини саеми на книгата и поединечните претставувања на издавачи и автори на литература за деца во нашите простории е резултат на одличната соработка со издавачките куќи. На заедничко задоволство таквата практика ќе ја продолжиме, а наша желба е на месечно ниво да реалзираме актовности з апромоција на книгата, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на библиотеката „Искра“.

Во рамки на Саемот на книгата во Скопје, Македонската асоцијација на издавачи додели и награди за најдобра едиција, најдобра книга за деца, најкреативно издание, за автор на годината, најдобра корица на книга, најдобро ликовно-графичко уредување и признание за поттикнување на општествената одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK