Осигурување на домот, првата работа која треба да ја направиме по купувањето на домот!

zgrada-gradbi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сон на секое семејство или поединец е имање на свој  сопствен дом. Во денешно време инвестирањето во свое место за живеење претставува финансиски предизвик и голем животен исчекор во осамостојувањето на секој човек. Но, предизвиците не завршуваат со купувањето на домот и добивањето на клучевите, напротив во тој момент започнува грижата за имотот и вложените финансиски средства. Во тој контекст  постои осигурување на домот, како механизам со кој сопственикот се заштитува себеси, сопствената инвестиција и просторот во кој живее.

Потребата од осигурување произлегува  од најосновниот инстинкт да се заштити нешто свое, нешто во кое сме ги инвестирале своите средства кои сме се труделе  да ги стекнеме. А кога една недвижнина ќе се претвори во „дом“, тогаш и грижата за неа станува не само задолжителна, туку и персонална, затоа што се работи за местото на живеење каде сме подготвени да го базираме животот, сега и во иднина.


Помислете само на бројните незгоди кои ви го окупираат умот секојпат кога ќе излезете од дома: дали ја заборавивте пеглата вклучена, дали некоја од цевките протекува, постои ли опасност од кражба додека ве нема дома, неизбежната закана од поплава, земјотрес или друга временска непогода која би можела да го загрози или уништи уживањето во вашиот дом. Работите можат да тргнат наопаку на повеќе од еден начин. Овие предизвици прават дополнителен притисок и постојано не’ држат на работ на неизвесностасе’ додека не решиме да го направиме вистинскиот и исправниот чекор – да се заштитиме.

Идејата за полиса за осигурување на домот кај повеќето сопственици на недвижен имот доаѓа многу рано, уште во процесот на одбирање на станбениот објект. Во тој момент почнуваат да се прават првите пресметки и да се размислува за тоа како да се заштити имотот кој ќе биде стекнат.

Ако имате дилемата дали да инвестирате во полиса за осигурување, имајте на ум дека таа обезбедува компензација во евентуалните загуби кои можат да се случат при непредвидени или несакани настани, без разлика дали се предизвикани од човечко влијание или пак од временските услови. Тоа значи дека дури и во случај на најлошото, полисата претставува повратна инвестиција од која вложените средства може да се вратат неколкукратно и токму во моментот кога ќе биде потребно.

Дополнително, инвестирањето во полиса за осигурување на домот чини значително помалку отколку инвестицијата која ја имате вложено за купување недвижнина. За мудрите сопственици на домови, таа е неопходна категорија која не е додатен, туку придружен дел од купувањето на имот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK