“СКОПСКО ја продолжува мисијата ‘Наша гордост. Наша одговорност.’: волонтери, инфлуенсери и нуркачи го чистеа Охридското езеро и крајбрежјето

skopsko_akcija_007
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Култниот пивски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО успешно ја заврши големата еко-акција за чистење на Охридското Езеро, која се одржа на 1-ви јуни 2024 година. Оваа акција, во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ мобилизираше голем број волонтери  кои заедно со нуркачкиот клуб Амфора го чистеа Охридското езеро и неговото крајбрежје.







„Со гордост објавуваме дека преку оваа акција успеавме да исчистиме неверојатни 120 метри кубни отпад – цврст и пакувачки отпад, метални конструкции и автомобилски гуми на 6 различни локации, а во акцијатa беа вклучени вкупно 170 нуркачи и волонтери.  Нашата долгорочна цел е да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на нашата природна средина. Ова е само дел од нашите постојани напори да ги заштитиме и сочуваме природните богатства, симболите на нашата гордост и културно наследство. Оваа кампања ја нагласува долгорочната заложба на СКОПСКО за одржливост, повикувајќи ги сите да придонесат за почиста, позелена иднина,“ вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

Членовите на нуркачкиот клуб Амфора инспирираа многумина да се приклучат во акцијата и ја подигнаа свеста за важноста на  поддршката на ваквите иницијативи, како локално, така и во земјите од регионот. Оваа година, како дел од акцијата се вклучија 70 нуркачи од кои 20 беа нуркачи од регионот.

„Во текот на акцијата нуркачите од нашиот клуб успеаја да извадат голема количина отпад од подводниот дел на езерото, Благодарност до СКОПСКО и сите волонтери кои ја поддржаа и учествуваа во оваа акција. Сите заедно, со мали но значајни чекори, можеме да го зачуваме нашето природно наследство и да обезбедиме чиста и здрава животна средина за идните генерации,“ изјава Јован Секулоски од Амфора.

Како потсетување, минатата година во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и крајбрежјето, како и поставување на пловни препреки на реките Сатеска и Даљан, за да се спречи загадувањето на езерото со пловен отпад.

Овој проект целосно ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.

Како компанија ориентирана  кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK