Преку иновативно решение, до полесно управување со финансиите и заштита на околината

Myiute 3-1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мобилната апликација на Иуте одбележува 3 години од нејзината имплементација на пазарот







Како финтек компанија и лидер на пазарот, мисијата на Иуте отсекогаш била креирање на исклучително и поразлично корисничко искуство преку надминување на очекувањата на нашите корисници, но на патот кон таа мисија, одржливоста и етичкиот бизнис пристап кон заштита на околината во голема мера влијае на креирање на идните планови.

Одржливоста денес во светот е основна парадигма на работењето на компаниите. Како компанија во чијашто определба цврсто стои дигитализацијата, пионерство во иновации и зголемување на користењето на дигиталните алатки, Иуте Македонија пред точно 3 години ја воведе на пазарот првата и засега единствена мобилна апликација, преку која клиентите можат да го завршат целиот процес комплетно без хартија, од аплицирање, до одобрување на заем и потпишување.

Приказната на myiute има навистина многу што да раскаже во изминативе 3 години.

Од нејзината имплементација на групациско ниво во 2020та се до денес, со повеќе од пола милион корисници и 88% од потпишанитe договори за кредит дигитално преку myite, беа заштедени 2.6 милиони листови А4 хартија, односно 13 тони хартија и 12 тони неемитуван CO2.

Со оглед на тоа што самиот процес не бара физичко присуство на клиентот во филијала и користење на транспорт, на ниво на групација се заштедени дополнителни 2 тона CO2.  Апроксимативно неизодени 1.4 милиони километри, кои не само што придонеле кон почиста околина, туку и кон поефикасно користење на времето.

Воедно групациската АТМ мрежа не работи на стандарден пристап со пластични картички, туку со кодови, со што се намалува непотребното продуцирање на пластика.

Myiute во Македонија полека се ближи до бројката од 150.000 симнувања, а како апликација која е врвна од технолошки аспект, придонесува кон заштита на околината, но и овозможува полесно управување со финансиите, на едноставен, безбеден и комфорен начин.

Што сé можете да направите преку myiyte?

-Можност да го дознаете и располагате со вашиот паричен лимит, во секое време и било каде

-Пристап до вашите средства 24/7

-Купување на рати по моделот “Buy now, pay later” и пристап до нашата мрежа од повеќе од 650 партнери низ Македонија

-Брзи плаќања преку паметен телефон со скенирање на QR кодот

 

Иуте силно го продолжува ESG концептот, со јасно дефинирани приоритети и мерливи цели. Продолжуваме да инвестираме во финансиска едукација на граѓаните, академската заедница, спортот и почиста животна средина, секаде каде што можеме да креираме импакт.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK