Интервју со Димиш: Следна „станица“ е фестивалот „Underfest“

dimish-2-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1.Што Ве мотивира да креирате авторска музика?







Сѐ што се случува околу мене. Единствен начин да го споделам тоа што го гледам и чувствувам со многу луѓе е преку издавање на музика.

          2.Од каде обезбедувате средства за снимање и промоција на ЕП?

За среќа знам сам да си ги снимам песните, а потоа да им направам микс и мастер, па не треба да трошам средства на студио. Досега немам направено ниту една промоција на било кое ЕП, но се надевам некогаш ќе има промоција на албум (секако, ако се решам да направам долго-свиречки албум).

          3.Која е целта што сакате да ја постигнете во Вашата музичка кариера?

Што повеќе луѓе да се пронајдат во мојата музика и мојата музика да им помогне во тешки денови.

          4.На кој познат фестивал би сакале да настапите?

Немам некоја посебна желба, секаде каде што може да се свири, би свирел, па дури и да е во некоја гаража пред 5 души.

          5.Колку често добивате покани за настапи во клубови или на фестивали?

Па, искрено не толку често, но тоа е нормално, нов артист сум, треба време да ме дознаат нови луѓе. Но, најискрено.. Мора сами да се каните да свирите. Не смеете да очекувате дека некој ќе ве викне… Тоа е многу ретко, затоа мој совет е: „Трудете се сами и барајте секаде каде што може да свирите!“.

          6.Како сте задоволни од Вашето прво ЕП во поглед на тоа како се прифатени од публиката (дали имавте доволно можности за да го промовирате пред пошироката публика)?

Јас лично сум задоволен како звучи, но првото ЕП не доби баш поддршка од публиката, па ни од медиумите, но затоа другите две ЕП-ња беа многу повеќе прифатени и од публиката и од медиумите. Немав баш можности за промовирање на било кое од ЕП-њата. Досега имав една свирка, на „KickFlip Fest“. Таму споделив дел од песните со публика која прв пат ме слушаше во живо (Ви благодарм на сите кои бевте таму, нема никогаш да ја заборавам таа вечер!). Следна „станица“ е фестивалот „Underfest“, па надежно дека ќе има и многу други свирки, каде што ќе можам со нови луѓе да го споделам мојот материјал.

          7.Дали сметате дека има доволно публика кај нас што посетува концерти или (што слуша ваков вид на музика)?

Па, тоа е тема на која што секој има различен одговор. Според мене има, но не секогаш доаѓаат луѓето да ги поддржуваат новите бендови, бендовите што доаѓаат од странство. Се надевам од сега, па натаму, ќе гледаме сѐ повеке и повеќе публика.

Следете го на инстаграм: https://www.instagram.com/p/CifnQIcPmoo/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK