Времето облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

dozd
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат попладне и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде до 17 степени.


– Утре и во четврток ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево. Во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK