Oблачно и свежо со повремен дожд

voda_makedonija_dozd_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.





Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 16 степени.

И во четврток ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK