Од верските календари

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 април.

Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира



Тие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Св. апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието овие двајца апостоли стасаа на островот Крф, каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на Св. првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабожци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во затвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј. Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот нареди да ги убијат со врела смола. Така сите примија маченички венци. А кога ги мачеше апостолите, царската ќерка Керкира ги гледаше од прозорецот маките на Божјите луѓе, па штом дозна зошто ги мачат и самата се огласи за христијанка и им го раздаде својот накит на сиромашните. Царот се разгневи на својата ќерка и ја затвори во посебен затвор, па бидејќи со ништо не успеа да ја одврати од Христа, нареди и во затворот ја запалија. Затворот изгоре, но девицата остана жива. Кога го виде ова чудо, се крсти многуброен народ. Тогаш царот разјарен нареди и ја врзаа ќерка му за едно дрво и ја убија со стрели. Оние што поверуваа во Христа побегнаа од страшниот цар на блискиот остров и се сокрија. Царот тргна на кораб за да ги фати, но коработ потона во морето и нечестивиот цар загина како некогаш фараонот. Новиот цар ја прими Христовата вера, се крсти и го доби името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го проповедаа Евангелието и ја утврдуваа Црквата Божја на Крф до нивната длабока старост и таму го завршија својот земен живот, па преминаа кај Господ.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е 11 мај

Свети Францис де Жеронимо

Денешниот покровител е Фрањо (Франческо) Де Жеронимо, језуит, мисионер и социјален реформатор. Роден е на 17 декември 1642 година во италијанскиот град Гротаље (провинција Таранто, Апулија), во буржоаско семејство, како прво од единаесетте деца. Тој израснал во семејство со длабока вера и христијанска побожност и веќе како момче решил да стане свештеник. Студирал филозофија на Језуитскиот колеџ во Таранто, а црковно право и теологија во Неапол. Ракоположен во 1666 година, тој се приклучил на Друштвото на Исус во 1670 година. Работел како популарен мисионер во градовите и селата во јужна Италија. Големиот апостол и социјален реформатор, сакал да замине како мисионер на Далечниот Исток, но од 1676 година останал постојано во Неапол, каде што работел како народен апостол 40 години. Во тој град се вљубил во љубовта на својот учител Исус Христос, „пријател на даночниците, грешниците и блудниците“. Неговата духовна работа се одвиваше во тесни улички, сомнителни предградија, злогласните области и шарените неаполски плоштади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK