Сончево со мала локална облачност

sonce_oblaci_3435354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.







Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата.

Во петок се очекува и засилен северен ветер претежно вдолж Повардарието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK