Без струја денеска делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош

Без-струја-денеска-делови-од-општините-Кисела-Вода-Гази-Баба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош.

Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улицата Волтерова, како и дел од корисниците од улицата Живко Фирфов во општина Кисела Вода, ќе останат без струја.

Во периодот од 9 до 13 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата 5, од бр. 20 до бр. 45, улицата 7, од бр. 2 до бр. 20, улицата 11, од бр. 2 до бр. 15, улицата 15, од бр. 1 до бр. 10, како и корисниците лоцирани околу црквата „Свети Петар и Павле“ во Јурумлери, во општина Гази Баба.

Во периодот од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Румена Хаџи Панзова – подулица бр. 1. во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 16 часот, корисниците од улицата Миле Поп Јорданов, од бр. 29 до бр. 41 и од бр. 46 до бр. 60 во општина Карпош, ќе останат без електрична енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK