Најниски температури измерени во Берово, Лазарополе и Попова Шапка, највисоки во Дојран

sonce_34224342332
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Најниски температури од 4 степени целзиусови се измерени во Берово, Лазарополе и Попова Шапка, а највисоки 13 степени во Дојран.







Од УХМР утрово информираа дека 5 степени се измерени во Маврови Анови, 6 во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Тетово, 7 степени во Битола, 8 во Прилеп, Демир Капија, Крушево и Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица и Дебар, 10 Охрид и Претор, 11 степени во Виница и 12 во Гевгелија.

– Во текот на ноќта облачност се намали и преовладуваше претежно ведро време со слаб променлив ветер. Утринава е сончево со мала облачност во крајните западни делови и понекаде дува слаб променлив ветер, информираат од УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 26 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK