Жена од Тетово измамена за 2.000 евра: и кажале дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје со смртни последици


soobrakajka-evropski-zapisnik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.


Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје.

Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK