Вчера во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје, удрило во пешакот А.Р.(34) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.