Приведен штипјанец по централна потерница за издржување казна затвор од три и пол години

Приведен-штипјанец-по-централна-потерница-за-издржување-казна-затвор-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска во 11.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(41) од Штип, со живеалиште во Скопје.

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 186 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Полициска станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK