Во Тетовско казнети над 300 лица кои управувале возило без возачка: меѓу нив и триесетина малолетници

tetovo_zagaduvanje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од МВР информираат дека во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска , на поширокото тетовско подрачје се откриени и санкционирани вкупно 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит.


Триесетина од нив биле малолетници, кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски.

На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле возачкиот испит.

Во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK