Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на село Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Ф.Л. од село Град, делчевско и патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Н.Д. од Делчево, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Л., кој од здобиените повреди починал на пат кон болница. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопшти МВР.
Возачот Н.Д. се здобил со телесни повреди, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Делчево.