МВР со детали за сообраќајната несреќа на експресниот пат Кочани-Штип

Screenshot-2024-05-27-105146.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 07.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „сеат леон“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот С.М. од Пробиштип, удрило во 41-годишниот И.К. од Штип, кој извршувал работни задачи на патот, а потоа излетало од коловозот, извести МВР.

„Во несреќата, И.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK