Вчера во 12.00 часот во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека во двор на улицата „Кукушка“ во Богданци била пронајдена стара неиспукана граната, извести МВР.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Гевгелија ја подигнал гранатата и било констатирано дека се работи за артилериска граната со потекло од Втората светска војна, додаде МВР.