Уапсени четворица мажи во Охрид, искршиле инвентар во кафеана, а оштетиле и полициско возило

ohrid-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера вечер во 19.10 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(38), В.М.(42), двајцата од село Лешани, општина Дебрца, и М.И.(26) и Д.Н.(33), двајцата од Охрид, затоа што оштетиле дел од инвентарот во објектот, а при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило, извести МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK