Уапсен маж од Кавадарци: со возилото во кое превезувал мигранти излетал во провалија, еден загинал

Кривична-против-двајца-државјани-на-Косово-криумчареле-мигранти-од-Сирија.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во Гевгелија, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 39-годишниот Г.Ш. од Кавадарци, со привремен престој во Гевгелија, извести МВР.

„По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека на 12.01.2024 околу 20.00 часот, тој го управувал патничкото моторно возило „крајслер“, кое во близина на Дојран излета во провалија, а во кое превезувал 11 лица мигранти од Сирија, од кои едно лице почина, а останатите се здобија со повреди. Според пријавеното, пред да излета возилото, тој скокнал од него и го напуштил местото“, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 418 – б став 3 и 4 и член 300 став 4, а во врска со член 297 и член 301 од Кривичниот законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK