Уапсен 18-годишник од Неготинско: на дива депонија на неколку места предизвикал пожар


ЦУК-Во-последното-деноноќие-имало-пет-пожари-на-отворено-сите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14.40 часот полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода 18-годишниот Т.И. од село Пепелиште, неготинско.


Тој се сомничи дека на дива депонија кај место викано „Штипско рамниште“, атар на село Пепелиште, на неколку места предизвикал пожар.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK