Тројца насилници во слаткарница на „Широк сокак“ замавнувале со метална палка и се заканувале, ОЈО поведе постапка

sirok-sokak-bitola-87684-800x531.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство од Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело насилство.


„На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата “Широк Сокак”, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи. Двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од 8 дена“, извести ОЈО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK