Вчера во 19.45 часот во с.Липец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Ѓ.(60) од.с.Липец.
Тој, околу 19.15 часот во селото, управувајќи трактор оштетил патничко возило „бмв“ и го напуштил местото, по што удрил во бандера, а потоа агресивно се однесувал и упатувал закани на соопственикот на возилото Д.С. и неговиот брат С.С..
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.