Вчера попладне околу 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Васко Карангелевски“ и сервисна улица, патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот С.Ѓ. од Демир Капија, удрило во малолетен пешак од Скопје, извести МВР.
– По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.