СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Д.(35) од Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во период од ноември 2022 година до 16.06.2023, преку социјални мрежи во повеќе наврати и со изговори дека му се потребни парични средства за здравствени потреби, како и за верски обичаи, преку агенции за брз трансфер на пари, од Е.Ќ. од Косово обезбедил имотна корист од над 8.000 евра.