Со „бмв“ и „мерцедес“ прегазени двајца пешаци во Скопје: тешко се повредени

Маж-пронајден-паднат-на-тротоар-во-Гостивар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на платото од Станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(44) од с.Љуботен, скопско, удрило во пешакот Д.Л.(54) од с.Чучер Сандево.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петричка“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(21) од Скопје, удрило во пешакот М.Р.(68) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK